Дома Трансфер зона Официјално: Рома го доби првото засилување – потпишан договор на пет години

Официјално: Рома го доби првото засилување – потпишан договор на пет години

Она што со месеци наназад се најавуваше денес и конечно е завршено, Рома го доби првото засилување.

Хрватот Анте Чориќ и официјално е нов фудбалер на „волчицата“!

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Момчето кое многумина го споредуваат со Лука Модриќ, иако игран нешто по офанзивно од асот на Реал Мадрид, утрово ги помина медицинските прегледи и потпиша договор на пет години.

Неговиот поранешен клуб Динамо ќе добие оштета од седум милиони евра, плус бонуси кои трансферот би можеле да го подигнат на максимални осум милиони евра.

Факт е дека Рома заврши добра работа бидејќи на почетокот се шпекулираше дека римскиот клуб ќе мора да плати 15 милиони евра.

Иначе, Чориќ долго време важеше за еден од најголемите бисер на хрватскиот фудбал, поради што беше следен од Ливерпул, Арсенал и Манчестер Сити, но во последните години не прикажуваше настапи на нивото какво што се очекуваше.

Оваа сезона настапи на 27 натпревари во сите натпреварувања и постигна четири погодоци и запиша четири асистенции.

coric

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…