Дома Останати Официјално: Прв пат после Втора светска војна одложен е Вимблдон

Официјално: Прв пат после Втора светска војна одложен е Вимблдон

Тоа што се најавуваше во изминатите денови денес доби и официјална потврда – одложен е третиот Гренд слем во сезоната „Вимблдон“.

Најголемиот тениски турнир требаше да се игра од 29 јуни до 12 јули, но денеска и официјално е откажан поради состојбата со коронавирусот.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


На вонредната седница на организацискиот комитет денес беше донесена одлука да се одложи Вимблдон и тоа прв пат после Втората светска војна.

Со оглед на фактот дека сезоната на играње на мечеви на тревната подлога трае само шест недели, а тоа е период во кој светот се уште ќе се соочува со пандемијата донесена е одлука турнирот да се откаже бидејќи нема можност тој да се одржи во некој друг период од годината.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Вака денес изгледа Моника Селеш: Се бори со ретка болест (Фото)

Тениската легенда Моника Селеш после подолг период објави фотографија на социјалните мрежи…