Дома Фудбал Официјално: Поранешниот играч на Барса и Реал нов тренер на Валенсија

Официјално: Поранешниот играч на Барса и Реал нов тренер на Валенсија

Валенсија денес изненадувачки го отпушти Марселињо.

Овој 54 годишен Шпанец во 2017 година седна на клупата на Валенсија и минатата сезона оствари одличен резултат откако со клубот избори место во Лигата на шампионите и го освои шпанскиот куп.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Сепак изгледа дошло до конфликт со сопственикот на Валенсија Питер Лим па доби отказ.

Марселињо освен Валенсија во кариерата ги водеше уште Спортинг, Рекреативо, Расинг, Сарагоса, Севиља и Виљареал.

Клубот од „Местаља“ брзо пронајде замена за Марселињо и за нов тренер го именуваше Алберт Селадес.

Поранешниот играч на Барселона и Реал Мадрид ја водеше младата репрезентација на Шпанија, но кога станува збор за клупските ангажмани овој му е прв во кариерата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Сопственикот на Милан: Вистинските наши противници не се екипите од Серија А, туку тие од Премиер лигата

Сопственикот на Милан Џери Кардинале зборуваше за финансиските нееднаквости помеѓу Серија …