Тренерите, играчите и новинарите ги изгласаа Кристијано Роналдо, Лионел Меси и Џанлуиџи Буфон, кои влегоа во потесниот избор на играчи кои ќе се борат за епитетот најдобар во Европа за изминатата сезона.
УЕФА на официјалниот сајт потврди дека на церемонијата на ждрепката за следната сезона во ЛШ на 24. август ќе биде врачена наградата најдобар играч во Европа за 2016/17.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Без дилема, Кристијано Роналдо е главниот кандидат, со оглед на тоа дека ја освои ЛШ, постигна два погодоци во финалето, а претходно практично сам ги исфрли Атлетико и Баерн на патот до Кардиф.
Покрај нив тројца, во кругот на кандидати беа Лука Модриќ, Тони Крис, Паоло Дибала, Серхио Рамос, Килијан Мбапе, Роберт Левандовски и Златан Ибрахимовиќ.
Инаку, Меси и Роналдо на два пати ја освојуваа оваа награда, а Иниеста и Рибери по еднаш.
DYK? The men's #UEFAPOTY award is voted on by #UCL & #UEL coaches, plus 55 journalists from across Europe ?️ https://t.co/45I1xMHFuR
— UEFA (@UEFA) August 15, 2017