Преодниот рок вчера на полноќ беше завршен, а еден од поинтересните трансфери во последните моменти направи дански Копенхаген.
Данскиот шампион доцна вчера вечер објави дека постигнале договор со Никлас Бендтнер.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Така Данецот се враќа после 15 години во клубот каде што ги направи првите фудбалски чекори. Поранешниот играч на Арсенал, Бирмингем, Сандерленд, Јувентус, Нотингем и Волфсбург на „Паркен“ стадионот пристигнува од редовите на Розенборг во трансфер вреден еден милион евра.
Бендтнер потпиша договор до крајот на актуелната сезона.
Tidligere på aftenen begyndte en jysk klub at følge @bendtnerb52 på de sociale medier…#fcklive #sldk pic.twitter.com/v0zicz6hvu
— F.C. København (@FCKobenhavn) September 2, 2019