Дома Фудбал Англија Официјално: Мурињо нов тренер на Тотенхем!

Официјално: Мурињо нов тренер на Тотенхем!

Жозе Мурињо е нов менаџер на Тотенхем!

Мурињо на клупата на тимот од Лондон го замени Покетино кој вчера доби отказ поради лошите настапи.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Во Жозе добивме еден од најуспешните менаџери во фудбалот. Има големо искуство, може даго инспирира тимот и е голем тактичар. Освојуваше трофеи во екипите кои ги водеше и веруваме дека ќе донесе нова енергија во нашата соблекувална“, изјави првиот човек на Тотенхем Даниел Леви.

Се огласи и Мурињо.

„Возбуден сум што ќе работам во клуб со голема историја. Квалитетот на овој тим е голем и работата со овие играчи ме привлекува“, изјави Мурињо кој потпиша договор со Тотнхем до 2023 година.

Дебито Мурињо ќе го има против Вест Хем во сабота.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

„Последниот танц“ на Меси во татковината – навивачите бесни поради цената на билетите

Легендарниот Лео Меси ќе игра во дресот на Аргентина последен пат пред домашната публика н…