Tимот на Милан од денес има нови сопственици, американскиот инвестициски фонд плати 1.3 милијарди евра за мнозинскиот пакет акции од „Елиот фонд“.
„Елиот“ сепак ќе задржи мал дел од акциите на „росонерите“ и ќе има свое место во управниот одбор на клубот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Навистина ни претставува огромна чест што стануваме дел од глемата историја на Милан, возбудени сме од улогата во новото поглавје на клубот во враќањето на врвот на италијанскиот и европскиот фудбал. Благодарен сум на Гордон Сингер и неговиот тим за одличната работа во претходните години и враќањето на Милан онаму каде што му е местото“, изјави Џери Кардинале, извршниот директор на „Ред Бирд“.
Комплетното преземање на клубот ќе биде комплетирано во септември, меѓутоа новите сопственици веќе започнуваат со работа и се насочуваат кон летниот преоден рок.