Нов фудбалер на Манчестер Сити од денеска е капитенот на У19 селекцијата на Хрватска ,Анте Палаверса.
Неговиот трансфер на „Етихад“ се најавува веќе некое време, а сега сето тоа доби и официјална потврда. Палаверса во Сити пристигнува од Хајдук Сплит, за кој оваа сезона запиша 17 настапи, иако има само 18 години.
„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев
Хрватскиот клуб за трансферот ќе заработи 6,3 милиони евра, во зависност од неговите настапи во дресот на Сити, Хајдук би можел да заработи и дополнителни пари. Хајдук ќе добие и 10% од следниот трансфер на младиот играч, а Палаверса во Хајдук останува до летото 2020. година, со тоа што Сити ќе може да го врати од позајмица во јануари истата година.
Со ова беше доведен наследникот на искусниот бразилски играч за врска Фернандињо, кој се уште нема вистинска алтернатива на „Етихад“ и е еден од најважните играчи на екипата од Пеп.