Дома Трансфер зона Официјално: Лестер од Сент Етјен го доведе најскапиот стопер од францускиот фудбал!

Официјално: Лестер од Сент Етјен го доведе најскапиот стопер од францускиот фудбал!

Лестер денес и официјално ја „детонираше“ својата трансфер бомба.

Францускиот стопер Весли Фофана е нов играч на „Лисиците“. Фофана доаѓа од Сент Етјен во трансфер вреден 36 милиони фунти што е нешто повеќе од 40 милиони евра. Фофана е вториот најголем трансфер во историјата на клубот после Јури Тилеманс кој беше платен 45 милиони евра.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Фофана цело лето беше во фокусот на трансфер пазарот и за него сериозен интерес покажуваа Вест Хем и Милан, но тие не беа спремни да платат колку Лестер. Додуша и Лестер на почетокот на преговорите не нудеше толку. Долго време се преговараше, првата понуда изнесуваше 25 милиони евра втората 29, третата 32 и 10% од наредната продажба за на крај Сент Етјен да добие 35 милиони фиксни и пет преку бонуси.

Сент Етјен го извлече максимумот, тоа го потврди и Клод Пуел, тренерот на францускиот тим кој пред две години работеше во Лестер и многу добро знаеше каква е платежната моќ на англискиот премиерлигап.

„Имавме опција да го задржиме и да ги загрозиме платите на вработените и првиот тим поради кризата која ја направи короната. И имавме опција да го продадеме и да го наполниме буџетот. Верувајте, за првата опција не размислувавме, се обидувавме само да извлечеме што е можно повеќе пари“, изјави Пуел.

Со ова Фофана стана најскапо платениот стопер од француското првенство. Поточно го изедначи рекордот на Давид Луиз (35 милиони евра од ПСЖ во Челзи), но со бонусите многу брзо ќе го надмине.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал и Ливерпул го сакаат Брахим Дијаз

Брахим Дијаз минатото лето се врати во Реал Мадрид и ја потврди својата класа, но оваа сез…