Поранешниот освојувач на „Златната топка“ е мотивиран пред големите клупски планови за наредната година.
Легендарниот италијански дефанзивец, Канаваро по втор пат во кариерата е претставен за тренер на кинескиот Гвангжу Евергранде, каде што работеше пред две ипол години.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тој на клупата на седумкратниот шампион на Кина ќе го замени Луис Фелипе Сколари, откако оствари одличен пласман со тимот на Тјенџин Кванџан и заврши на третото место минатата сезона.
„Многу сум горд што се вратив тука. Пред да заминав кажав дека ќе се вратам тука еден еден. За среќа од тогаш собрав одлични искуства во кинеската лига и среќен сум што се враќам. Планот на Гвангжу за наредната година максимално ме возбудва и ме мотивра да работам со овој клуб. Ќе мораме да доведеме што повеќе кинески таленти за да продолжиме да ја одржуваме победничката низа“, изјави Италијанецот.
Фабио Канаваро со тренерската работа започна да се занимава како асистент во Ал Ахли, токму во Гвангжу доби прилика да се проба на чело на еден клуб.