Дома Фудбал Италија Официјално: Жозе Мурињо е нов тренер на Рома

Официјално: Жозе Мурињо е нов тренер на Рома

Вистинска „бомба“ ни доаѓа од Апенините, Жозе Мурињо е нов тренер на Рома!

Италијанскиот клуб потврди дека Жозе Мурињо ќе ја предводи „волчицата“ и ставил потпис на 3-годишен договор.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Пауло Фонсека на крајот на сезоната заминува и тоа беше јасно, но доаѓањето на Мурињо е големо изненадување бидејќи неговото име воопшто не беше спомнато во медиумите.

Иако Маурицио Сари важеше како фаворит, сега повеќе нема дилеми, Жозе Мурињо е нов тренер на Рома.

Ова за него ќе биде враќање во Серија А откако во 2010 година постигна историски успех со Интер.

Автор: Петре Кузманоски

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Легендарниот Буфон поднесе оставка по елиминацијата на Италија од БиХ

Легендарниот Џанлуиџи Буфон, шефот на делегацијата на италијанската репрезентација, поднес…