Kaко и што беше најавено неодамна – Жоан Кањелас е нов ракометар на унгарски ПИК Сегед.
Кањелас со Вардар освои се што можеше да се освои и иако неговиот договор не завршуваше спогодобено ја раскина соработката со црвено-црните.
„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев
Каталонецот со ПИК Сегед потпиша договор до 2020 година.
За искусниот ракометар кој две години го носеше дресот на Вардар ова ќе биде осми клуб во кариерата претходно настапуваше за: Грањолерс, Барселона, Судидад Реал, Атлетико Мадрид, Хамбург и Кил.
За селекцијата на Шпанија дебитираше во 2004 година.