Тоа што се најавуваше изминатите денови денес доби официјална потврда, Ерик тен Хаг ќе биде нов тренер на Манчестер Јунајтед.
51-годишниот холандски стратег доаѓа од Ајакс, каде неколку години успешно го водеше гигантот од Амстердам.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Манчестер Јунајтед за предвремен раскин на договорот на Ајакс ќе му плати 2 милиони евра, а Тен Хаг потпиша договор до јуни 2025 година, со опција за уште една година.
„Многу сум возбуден. Голема чест е да се биде тренер на Манчестер Јунајтед. Ја познавам историјата на овој голем клуб и страста на навивачите. Способен сум да изградам тим кој ќе има успеси какви заслужува ваков клуб“, изјави Холанѓанецот.
Тен Хаг ќе треба да започне нова ера со „црвените ѓаволи“ после разочарувачката сезона и негова задача е во следните години да ги врати на врвот на англискиот и европскиот фудбал.
🇳🇱👔
— Manchester United (@ManUtd) April 21, 2022
The new First-Team Manager of Manchester United: Erik ten Hag.#MUFC || #WelcomeErik