Миланскиот гигант Интер денес и официјално го потврди трансферот на Кристиан Ериксен, кој доаѓа од Тотенхем.
„Нероаѕурите“ за неговиот потпис платија 20 милиони евра, а Ериксен денес стави потпис на договор до јуни 2024 година.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Данецот во Интер ќе заработува 10 милиони евра по сезона и ќе биде втор најплатен играч во Серија А после Кристиано Роналдо.
Ериксен ќе му биде на располагање на тренерот Конте и ќе може да дебитира уште овој викенд на мечот против Удинезе.
Данецот го избра дресот со број 24.
? | FOTO@ChrisEriksen8 ⚫️?#WelcomeChristian #NotForEveryone pic.twitter.com/CTj9NeRBH9
— Inter (@Inter) January 28, 2020