Бразилецот Диего Коста и официјално има нов клуб, Коста е нов напаѓач на Атлетико Минеиро.
После повеќе од половина година без клуб, откако го раскина договорот со Атлетико Мадрид, Диего Коста се придружи на Атлетико Минеиро, клуб кој формира интересен тандем со него и Хулк.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Многу клубови во претходните седум месеци се поврзуваа со Коста, во игра беше Болоња во последно време, но на крајот двете страни не се договорија.
Коста во Атлетико дојде како тинејџер, следеа позајмици во Брага, Селта и Албасета, па ангажман во Ваљадолид, а блесна во сезоната 2012/2013 кога постигна 20 гола.
Следната година ја освои Ла Лига, па помина четири гофини во Челзи од каде што се врати во Атлетико и играше се до крајот на минатиот декември.