Како и што се најавуваше, Мемфис Депај е нов фудбалер на Атлетико Мадрид.




Клубот од Мадрид го потврди трансферот на холандскиот репрезентативец кој пристигнува од Барселона. Депај со Атлетико потпиша договор на две години.




Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Тренерот Диего Симеоне искажа големо задоволство од трансферот на Холанѓанецот.




„Мемфис покажа дека сака да дојде во нашиот клуб. Се надева и тој, но и ние дека ќе се врати во неговата најдобра форма.




Среќен сум што ќе имаме прилика да соработуваме. Станува збор за напаѓач кој многу личи на Коста и може да ни помогне. Во минатото започна како втор напаѓач, но брзо се наметна како прва опција поради неговата експлозивност“, изјави Симеоне.



