Дома Македонски спорт Мак фудбал Официјално: Дарко Велковски потпиша за Ријека

Официјално: Дарко Велковски потпиша за Ријека

Македонскиот репрезентативец Дарко Велковски од денес и официјално е нов член на Ријека и потпиша 3-годишен договор со хрватскиот прволигаш.

Веловски откако одби да потпише нов договор со Вардар под казна последните неколку месеци тренираше со младинците, а сега се сели во екс шампионот на Хрватска.


„Ријека е одличен град. Првите импресии ми велат дека луѓето се фантастични. Се надевам дека ќе играм и ќе напредувам, натпреварите од хрватското првенство ги следев на телевизија и познавам дел од играчите, пред се оние од Динамо и од Хајдук. Стефан Ристовски ми кажа се најдобро за Ријека, како за клубот така и за навивачите. Го познавам и Леонард Жута кој настапуваше за Македонија, како и Милан Ристовски“, изјави Велковски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Македонија ѝ пресуди на Литванија и ќе игра на ЕП 2026

Ракометната репрезентација на Македонија направи се пласира на Европското првенство (ЕП) в…