Дома Фудбал Официјално: Васкез во Реал до 2024 година!

Официјално: Васкез во Реал до 2024 година!

Лукас Васкез денес стави потпис на нов договор со Реал Мадрид и се обврза на верност до 2024 година.

Актуелниот договор на Васкез истекуваше овој месец и двете страни долго време не можеа да најдат заеднички јазик, па се шпекулираше дека ќе го напушти клубот.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


После новиот договор на Лука Модриќ, сега „кралевите“ го решија прашањето и со Васкез, кој стави потпис на договор до 2024 година.

Така ќе остане отворено прашањето само со Серхио Рамос, на кого исто така му истекува договорот и најверојатно ќе си замине како слободен агент.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Навивачите револтирани: Перез сака да плати 27 милиони фунти за фудбалер кој никој не сака да го види во Реал Мадрид

Ново трансфер-поглавје се отвора на релацијата помеѓу Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид. Сп…