Универзалниот играч Лукас Васкез е блиску до продолжување на договорот со Реал Мадрид, пренесува весникот „АС“.
Договорот на Васкез истекува на крајот на сезоната, па долго време се шпекулираше дека двете страни не можат да се договорот и дека ќе си замине како слободен агент.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Кралевите“ испратиле нова, подобрена понуда, а 29-годишниот фудбалер е спремен да ја прифати и да продолжи да го носи дресот на Реал Мадрид.
Васкез ќе добие договор на 3 години со можност за продолжување на уште една сезона, со годишна плата од 5 милиони евра.