По голманот Рамсдајл, Арсенал потпиша договор со уште еден важен играч, Букајо Сака.
Сака е „дете на Арсенал“ и во изминатите две години одби понуди од други клубови, а сега ја продолжи соработката со Арсенал до 2027 година. Според новиот договор Сака ќе заработува 200.000 фунти неделно и ако нешто не се промени ќе биде најплатениот играч на Арсенал наредната сезона.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Навистина сум среќен. Ова е вистинскиот клуб за мене и сакам да продолжувам да напредувам во кариерата. Тука во Арсенал имам се што е потребно за да станам уште подобар“, изјави 21-годишниот фудбалер.
Претходно освен Рамсдајл, договорот со Арсенал го продолжи и напаѓачот Габриел Мартинели.