Играчот за врска на Барселона, Сержи Сампер официјално го раскина договорот со каталонскиот клуб и потпиша со јапонскиот Висел Кобе, објавија денес од „Камп Ноу“.
24-годишниот играч за врска има 13 официјални натпревари за првиот тим на Барселона и тоа во четири сезони.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Оваа сезона запиша само два настапи и тоа против Гранда и Лас Палмас. Во меѓувреме доби понуда од Јапонија и реши да го раскине договорот со Каталонците.
Во својот нов клуб Сампер ќе игра со сонародниците Андрес Иниеста и Давид Виља кое го носат дресот на Висел Кобе.
? Agreement for the cancellation of the contract of @SergiSamper
More details: ? https://t.co/JOSQ5X998q
?? #ForçaBarça pic.twitter.com/CWOVvogvXg— FC Barcelona (@FCBarcelona) March 4, 2019