Дома Трансфер зона Официјално: Бен Арфа кај Роналдо!

Официјално: Бен Арфа кај Роналдо!

Она што беше најавено доби потврда, францускиот фудбалер Хатем Бен Арфа и официјално стана нов играч на Ваљадолид и со шпанскиот клуб потпиша договор до крајот на сезоната.

Искусниот крилен играч (32) кој никогаш не успеа да ги исполни очекувањата на северо-западот на Шпанија пристигна без оштета бидејќи во претходните осум месеци беше без клуб.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Последен тим на поранешниот француски репрезентативец беше Рен, а претходно играше за Лион, Марсеј, Њукасл, Хал, Ница и ПСЖ. Бен Арфа доаѓа во Ваљадолид да му помогне на клубот чиј сопственик на поголем дел од акциите е Роналдо да избори опстанок во Ла Лига.

Ваљадолид после 21 кола се наоѓа на 16. Позиција со 22 бода, пет повеќе од опасната зона, но тимот се наоѓа во исклучително лоша форма.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…