Утрово УЕФА донесе одлука одложениот натпревар од Конференциската лига помеѓу Тотенхем и Рен да го запиша со службена победа на Французите од 0:3.
Рен веќе беше во нокаут фазата и оваа одлука не му значеше многу, меѓутоа Тотенхем и тоа како му значеше. Со ваквиот пораз УЕФА го исфрли Тотенхем од Конференциската лига и шанса во нокаут фазата доби холандски Витесе.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Од Тотенхем се огласија и порачаа дека се разочарани од ваквата одлука.
„Разочарани сме од одлуката на УЕФА и одбивањето да даде подолго време за термин за одигрување на натпреварот. Сепак, мораме да ја прифатиме таа одлука и да се фокусираме на натпреварувањата каде што се уште сме во игра“, соопшти портпаролот на Тотенхем.
Ќе потсетиме тој натпревар беше одложен поради големиот број заразени со коронавирус во редовите на Тотенхем.