Дома Трансфер зона Манчестер Сити ја избра замената за Марез, ќе плати 60 милиони евра

Манчестер Сити ја избра замената за Марез, ќе плати 60 милиони евра

Според последните информации на медиумите на Островот, Манчестер Сити е блиску до ангажман на замена за Ријад Марез.

Последните информации говорат дека фудбалерот на Рен, Џереми Доку ќе го наследи Алжирецот кој одлучи својата кариера да ја продолжи во Саудиска Арабија.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Вредноста на Доку е далеку помала, но Сити е спремен да плати помеѓу 55 и 60 милиони евра за да ја заврши работата побрзо. Претходно интерес за Доку покажа и Вест Хем, но се истакнува дека Манчестер Сити има предност.

Пред Рен, Доку го носеше дресот на Андерлехт, додека за репрезентацијата на Белгија собра 14 натпревари и постигна два гола. Дресот на Рен го носеше на 92 натпревари, постигна 12 гола и запиша 10 асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Рабио се сели во Премиер лигата

Манчестер Јунајтед и Њукасл покажуваат сериозен интерес за ѕвездата на Јувентус и фра…