После осум години поминати со дресот на Барселона, Хавиер Маскерано го напушта клубот, потврдија денес и официјално Каталонците.
Маскерано кариерата ќе ја продолжи во Кина, иако Барса денес тоа не го потври, туку само најави збогување со Аргентинецот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Имено, утре во 11 часот на „Камп Ноу“ ќе има специјална церемонија на која ќе биде испратен Маскерано. Ќе присуствуваат сите фудбалери како и претседателот Жозеп Марија Бартомеу.
#ThankYouMaschehttps://t.co/TDLoGrzqmx
— FC Barcelona (@FCBarcelona) January 23, 2018
Бившиот играч на Ливерпул пристигна во Барселоба летото 2010 година и до денес одигра 334 натпревари, притоа освојувајќи 18 трофеи со пет различни тренери.
Од сите странци во историјата на клубот само Лео Меси, Филип Коку и Дани Алвеш имаат повеќе натпревари со каталонскиот дрес од него.