Дома Фудбал ОФИЦИЈАЛНО: Барселона го договори вечерва и второто засилување

ОФИЦИЈАЛНО: Барселона го договори вечерва и второто засилување

Фудбалскиот клуб Барселона, вечерва реализираше уште еден трансфер во јануарскиот преоден рок.

Како што потврдија каталонските медиуми, Колумбиецот, Јери Мина утре ќе допатува во Барселона на лекарски прегледи и потпишување на договорот.

Како започна приказната со Goblin Games - од гаража до бренд! ↓↓↓


Барселона за пристигнувањето на високиот стопер ќе плати 11,5 милиони евра и така ќе го донесе шест месеци пред предвидениот рок, односно по СП во Русија како што беше и првичниот план.

Мина во вторник попладне ќе пристигне во Барселона, во вечерните часови би требало да позира во тренинг центарот, како и Кутињо, а потоа во среда да ги направи лекарските прегледи и да биде претставен како ново засилување на екипата на Ернесто Валверде.

Мина има 23 години, репрезентативец е на Колумбија, а со Барселона ќе потпише договор на пет и пол години.

Тој ќе има жестока конкуренција, бидејќи во прв план се Џерар Пике и Самјуел Умтити, како и препородениот Томас Вермален.

Инаку, со неговото пристигнување, јасно е заминувањето на Хавиер Маскерано во Кина, кое уште од претходно е познато. Токму неговиот дрес со бројот 14 ќе го наследи Филипе Кутињо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Лапорта: Јамал е необичен случај и треба да покажеме колку е значаен за нас

Претседателот на Барселона Жоан Лапорта даде обемно интервју за каталонската TV3, каде ја …