Повеќе нема никакви дилеми, познатиот италијански напаѓач, Марио Балотели се враќа во својата татковина и ќе го носи дресот на Џенова.
Балотели кој има 34 години неколку месеци беше без клуб чекајќи вистинска понуда и на крајот ја дочека. Последниот ангажман го имаше во турската Адана Демирспор за која одигра 16 натпревари.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Договорот кој го потпиша со Џенова е со важност до јуни 2025 година, а ќе добива плата од 400.000 евра по сезона.
Низ кариерата Балотели покрај Адана играше за: Монца, Бреша, Милан и Интер во Италија, англиските Ливерпул и Манчестер Сити и во Франција во редовите на Ница и Марсеј.