Тоа што се најавуваше изминатите денови сега доби и официјална потврда – Микел Артета е нов менаџер на Арсенал.
Арсенал попладнево на официјалниот сајт потврди дека Микел Артета се враќа на „Емирати“ како главен тренер и ќе седне на испразнетото место од Унаи Емери.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Неодамна „топџиите“ му врачија отказ на Емери и како приверемо решение на клупата го поставија Фреди Љумберг, а сега кормилото ќе му го препуштат на Артета.
Ова за шпанскиот стратег е прв тренерски ангажман, бидејќи до сега беше помошник во тимот на Гвардиола. Артета потпиша договор со „топџиите“ на 3,5 години.
Welcome back, Mikel! ?
— Arsenal (@Arsenal) December 20, 2019
Head coach of The Arsenal ? pic.twitter.com/lhsAfQ7cfq