Дома Фудбал Англија Официјално: Адам Лалана има нов клуб

Официјално: Адам Лалана има нов клуб

Поранешниот играч на Ливерпул останува во Англија, но нема повеќе да носи црвен дрес.

На Лалана му истече договорот со Црвените и беше јасно дека ќе го напушти шампионот, а брзо стигна и веста дека кариерата ќе ја продолжи во Брајтон.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Тренерот на овој тим Грем Потер вечерва со пофални зборови зборуваше за новото и звучно засилување.

„Нема никаков сомнеж за квалитетот на Адам. Играше на највисоко ниво, и за клубот и за земјата, и постигна многу. Покрај техничките квалитети, има богато искуство и човечки квалитети.“ – изјави Потер.

Лалана потпиша договор на три години и нема сомнение дека ќе биде големо засилување за Брајтон.

Тој претходните шест години ги помина во Ливерпул, а пред тоа беше член на Саутемптон. За англиската репрезентација запиша 34 настапи и постигна три погодоци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Херојот на Манчестер јунајтед: Долго чекавме на ваков ден!

Хари Мегваер одушеви на Eнфилд и донесе победа за Манчестер Јунајтед против Ливерпул, засл…