Откупната клаузула во договорот на Тимо Вернер не истекува за четири дена како што се тврдеше до сега, туку еден месец покасно, односно на 15 јули.
Тоа денес го откри еминентниот весник „Билд“, а оваа информација дава комплетно поинаква слика за неговиот трансфер.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ако оваа информација е точна тоа значи дека и други клубови ќе можат да влезат во битката за неговиот потпис.
Во изминатите денови се тврдеше дека откако Ливерпул се откажа од плаќање на клаузулата, Челзи е во пол-позиција за неговииот потпис бидејќи „сините“ се спремни да платат 60 милиони евра.
Наводно Вернер веќе се договорил со Челзи каде ќе потпише 5-годишен договор со годинашна плата од 10 милиони евра.
Меѓутоа, „сините“ не мораат да брзаат со плаќање на откупната клаузула, бидејќи според најновите информации таа истекува на 15-ти јули.