Дома Фудбал Англија Откриен новиот дрес од Најк за Ливерпул

Откриен новиот дрес од Најк за Ливерпул

Footyheadlines.com, порталот специјализиран за откривање на изгледот на фудбалските дресови кои треба да бидат официјално представени, ексклузивно ги пренесува првите фотографии од новите Најк дресови на Ливерпул за сезона 2020/21.

Како што веќе е познато, Најк од наредната сезона ќе ги “облекува“ Црвените.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Footyheadlines.com пишува дека Најк и со Ливерпул го продолжува трендот на потемни нијанси на дресови, па домашната гарнитура би требало да биде на бордо. Поточно, ќе биде иста боја како дресот на Португалија за Мундијалот во Русија.

Освен црвена/бордата основа, на дресот ќе има бела и зелана боја.

На задната страна на дресот, вообичаено ќе се наоѓа натписот 96 во чест на жртвите од трагедијата на Хилсброу.

Поради глобалната криза поради коронавирусот и проблемите со транспортот, навивачите на Ливерпул новиот дрес ќе можат да го купат во продавниците од 1. јуни.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Јирген Клоп нема откупна клаузула, појасни неговиот работодавач

Дали Јирген Клоп може лесно да се врати како менаџер на некој клуб? Пред некое време се зб…