Томас Тухел пред неколку дена го наследи Јулијан Нагелсман на клупата на Баерн Минхен, а сега „Билд“ ја открива платата која искусниот стратег ќе ја добива во Минхен.
Тухел според информациите на „Билд“ во Баерн ќе заработува плата помеѓу 10 и 12 милиони евра, а со Баерн потпиша договор до јуни 2025 година. Со ова тој е повеќе платен од Нагелсман кој добиваше плата помеѓу 8 и 10 милиони евра.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Треба да се знае дека Нагелсман се уште е на платниот список на Баерн за клубот да не му исплати огромна оштета, која според дел од германските медиуми изнесува 30 милиони евра.
Меѓутоа, тоа би можело да се промени затоа што според последните најави Нагелсман набрзо би можел да потпише договор со Тотенхем кој го отпушти Антонио Конте.