Дома Трансфер зона Откриено зошто Санчез заминува од Арсенал

Откриено зошто Санчез заминува од Арсенал

Алексис Санчез најверојатно во јануари или на лето ќе го напушти Арсенал, со оглед на тоа што договорот со „Топчиите“ му истекува оваа сезона, а тој не сака да потпише нов.

Сепак, многу лесно Санчез би можело да остане уште долго на Емирати да не го имаше „кобниот“ дуел. Арсенал минатото лето би можел да заработи околку 60 милиони фунти, бидејќи Манчестер Сити и ПСЖ сакаат да го доведат Санчез за да ги засилат офанзивните линии.


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Манчестер Сити, меѓутоа, пред крајот на трансфер периодот испрати официјална понуда, но Арсен Венгер беше премногу уплашен дека нема да успеаа да ја доведе негова замена, Лемар од Монако, па трансферот на Чилеанецот пропаднал во последниот момент.

Сега, речиси сигурно Санчез ќе го напушти „Емирати“, а единствено прашање е кога тоа ќе се случи, во зимскиот или летниот трансфер период?

Сепак, работите можеа да бидат сосема различни, бидејќи пред 12 месеци било договорено продолжување на соработката на Санчез со Арсенал. Како што пренесува „The Times“, одличниот играч минатиот декември договорил се за продолжување на соработката со Арсенал и сакал да остане на „Емирати“, но го променил своето мислење по двомечот од осмина финалето во ЛШ против Баерн.

Баварците тогаш ги победија „Топчиите“ со вкупни 10:2, а наводно, тоа го натерало Санчез да го напушти „бродот кој тоне“.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал Мадрид и Барселона ја следат ситуацијата со Халанд

Според информациите на британските медиумите Ерлинг Халанд сака да го напушти Манчест…