Ако Атлетико Мадрид одлучи да го продаде фантастичниот играч за врска Саул Нигез, право на негов откуп пред сите останати ќе има Барселона.
Каталонците уште во 2013 година направиле одличен договор со Атлетико кога им го продадоа напаѓачот Давид Виља.
Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
Во договорот кој го направиле двата клуба ставена е клаузула според кој Барселона ќе има прва право на откуп во случај Атлетико да ги стави на продажба Саул Нигез и Хавиер Манкиљо.
Меѓутоа за сега нема сигнали дека Саул ќе ги напушти „јорганџиите“. Неговиот договор со Атлетико истекува во 2026 година во кој има откупна клаузула од 150 милиони евра.
Барса е во потрага по квалитетен играч за врска и на листата желби се Пол Погба и Френки де Јонг, но не е исклучено Каталонците да испратат понуда и за Саул Нигез, кој има само 23 години.