Нови пишувања во денешниот „Тајмс“, Солскјер нема да биде заменет дури и да доживее пораз од Ливерпул.
Имено, по состанокот на одборот на директори, Норвежанецот добил доверба да продолжи со започнатата работа, а плановите во трансфер периодот ќе продолжат во иста насока. Клубот е спремен да го подмлади тимот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
На кои засилувања работи Јунајтед?
Од британските играчи се Деклан Рајс од Вест Хем кој има договор до 2024. година, како и Џејдон Санчо од Дортмунд. Ќе се обидат да го доведат Манџукиќ оваа зима, но и да постигнат договор со Ериксен на лето. Имено, Данецот не сака шест месеци пред истекот на договорот да ја промени средината, финансиски подобро би поминал како слободен играч, би имал огромни бонуси, бидејќи пристигна без надомест.
Клучот на летниот трансфер период би требало да биде Кулибали, за тоа Јунајтед ќе мора да го сруши светскиот рекод поставен со купувањето на Мегвајер, а Сенегалецот според некои информации би чинел околу 150 милиони евра, односно толку бара Де Лаурентис за еден од најдобрите стопери во светот.