Како што пренесува „Марка“ медиум наклонет на Реал Мадрид кој има најдоверливи информации за „кралевите“ пишува дека само еден ден после елиминацијата на Реал Мадрид од Ајакс во шпанската престолнина бил агентот на Душан Тадиќ.
Тој сакал да го искористи одличниот настап на Тадиќ и промената на тренерската клупа на Реал Мадрид и го понудил својот клиент.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Покрај тоа агентот дал и цена потребна да се доведе Тадиќ, а таа била 15 милиони евра, што за Реал е ситница.
Иако во Реал го гледаат како голем фудбалер. Тадиќ не се вклопувал во визијата на „кралевите“ и тоа му го кажале на неговиот агент. Реал сака напаѓач со слични карактеристики на Карим Бензема, но и многу помлад, Тадиќ има 30 години. Тие бараат наследник на Бензема кој ќе биде шпиц број еден на „Бернабеу“ во наредните години. Тој напаѓач не го гледале во Тадиќ.
Како што пишува „Марка“ целта број на Реал Мадрид е Лука Јовиќ кој вчера постигна нов гол во полуфиналето од Лигата на Европа помеѓу Ајнтрахт и Челзи.
Ајнтрахт го проценува Јовиќ на сума од 60 милиони евра, но се споменува и сума до 70 милиони евра.
Ајакс оваа сезона игра фантастична сезона, овој тим е на добар тим да се пласира во финалето од Лигата на шампионите (победија со Тотенхем 0:1 во првиот натпревар).