Oткако беше одлучено да се одложи натпреварот помеѓу Барселона и Реал Мадрид закажан за 26-ти октомври, Барселона се огласи со официјално соопштение.
Поради нестабилноста на политичката ситуација и протестите кои следеа поради аспењето на деветмината политичари кои го организираа референдумот за независност на Каталонија Ла Лига донесе одлука „Ел Класико“ да биде одложено.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
После одложувањето на овој натпревар Барселона се огласи со официјално соопштение.
„Желбата на клубот е да се игра Камп Ноу на 26-ти октомври, на датумот и времето кое претходно беше договорено. Сепак, после одлуаката да се одложи натпреварот предложуваме тој натпревар да се одигра на 18-ти декември“, стои во соопштението на Барселона.
Сојузот побара од Барселона и Реал најдоцна до понеделник да предложат датум за одигрување на натпреварот.