Дефанзивецот на Бефика, Николас Отаменди синоќа доживеал вистински хорор во својот дом во Лисабон.
Вистинска драма се случила во неговиот дом кога Отаменди и неговото семејство се вратиле дома. Криминалците веќе биле во неговиот дом, па бил нападнат и удрен, а потоа и го врзале со колан за вратот.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Сопругата и синот на Отаменди, а и самиот играч биле преплашени од нападот, а крадците му одзеле пари и скапоцен часовник кој му го извадиле од рака.
„Потврдуваме дека нашиот играч Нико Отаменди бил жртва на грабеж во сопствениот дом. Играчот и неговото семејство се добро и покрај огромниот стрес предизвикан од целата ситуација. Ги молиме сите да ја почитуваат приватноста на играчот и неговото семејство додека чекаме истражителите да направат се што е потребно“, соопштија од Бенфика.
🚨BREAKING: Nicolás Otamendi🇦🇷 was the victim of a violent assault and robbery in his own home this morning.
— beIN SPORTS USA (@beINSPORTSUSA) December 13, 2021
Four men assaulted him, put a belt around his neck and robbed money and watches from him, according to @cmjornal. pic.twitter.com/OMiFaCaF93