„Најдбрите клубови, најдобрите играчи, секоја недела“, гласи слоганот под кој е формирана новата Суперлига која во фудбалот ќе донесе големи промени.
До сега учеството го потврдија 12 клубови, а се чекаат уште осум клуба да ги пополнат осумте празни места.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
ПСЖ, Баерн и Борусија Дортмунд имаат јасен став. Нема да играат во новата Суперлига и остануваат со УЕФА и ФИФА. ПСЖ и да сака во никој случај во овој момент не може да оди против УЕФА и ФИФА – за ова повеќе прочитајте тука.
Првобитнит план на основачите веројатно бил тука да се уште Баерн, ПСЖ и Борусија и така да имаат 15 фиксни учесници, а останатите 5 да се менуваат во зависност од резултатите во текот на годината. Меѓутоа таа идеја веќе не е во игра.
Не е објаснето кои критериуми се потребни за повик. Се претпоставува дека местата ќе бидат пополнети со клубови од најсилните пет првенства, а не се исклучува можноста организаторите да се водат по коефициентот на УЕФА што би било парадокасално затоа што УЕФА не го признава ова натпреварување.
Санкции од УЕФА веќе се најавени – нема Лига на шампиони и Лига Европа за учесниците во Суперлигата, а „жртви“ можат да бидат и фудбалерите на на клубовите на кои ФИФА која е заедно со УЕФА би им забранила настап за репрезентациите на Светско и Европско првенство.
За прв претседател на Суперлигата е избран Флорентино Перез од Реал Мадрид, а негови заменици се Андреа Ањели од Јувентус и Џоел Глејзер од Манчестер Јунајтед.