Дома Фудбал Осум од десетте највредни тимови во светот се од Премиер лигата

Осум од десетте највредни тимови во светот се од Премиер лигата

АНГЛИСКИОТ фудбалски гигант Манчестер Јунајтед го има најскапиот тим во светот вреден 1,15 милијарди евра, објави Меѓународниот центар за спортски студии (CIES).

Според најновото истражување на Фудбалската опсерваторија CIES, Црвените ѓаволи потрошиле дури 1,15 милијарди евра за составување на сегашниот тим.

„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев


За напаѓачи се потрошени 411 милиони евра, за дефанзивци 383 милиони, за играчи од средниот ред 296 милиони, а за голмани 61 милион.

Откако на кормилото на Јунајтед е Холанѓанецот Ерик тен Хаг, за засилувања се потрошени повеќе од 400 милиони евра. Во ТОП 10 најскапи екипи, дури осум доаѓаат од елитната класа на англискиот фудбал.

На второ место е Челзи, кој потроши 1,13 милијарди евра за изградба на сегашниот тим, додека на третото место е Манчестер Сити, кој потроши вкупно 1,04 милијарди евра за изградба на сегашниот тим.

Четврти е ПСЖ, кој потроши милијарда евра, а петти е Арсенал, чиј тим е „тежок“ со 836 милиони евра.

Саудиски Ал-Хилал е првиот неевропски клуб на листата на 100 најскапи екипи. Се наоѓа на 18. место, а за градење на тимот се потрошени 382 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Еве кои досега обезбедија пласман на Светското првенство

ОД 48 РЕПРЕЗЕНТАЦИИ, колку што ќе учествуваат следното лето на Светското фудбалско првенст…