Фудбалерите на Аталанта одиграа неверојатни 15 минути во натпреварот против Болоња од 30-тото коло во италијанската Серија А.
Аталанта натпреварот против Болоња го доби со 4:1, а сите четири погодоци домаќините ги постигнаа во првите 15 минути од натпреварот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Јосип Иличиќ го отвори резултатот во третата минута, само две минути подоцна истиот играч зголеми на 2:0 за во 9-тата Хетебоер да погоди за 3:0. Четвртиот гол на Аталанта во 15-тата минута беше дело на Запата.
Вакво нешто, да постигне четири гола во за 15 минути во италијанската Серија не се случило цели 87 години. Последен клуб кој постигнал четири гола за 15 минути пред вчера Аталанта е Јувентус во 1932 година. Во таа година Јувентус во тој период имаше предност од 4:0 против Рома, а на крајот натпреварот го доби со 7:2.
Во историјата на Серија А со овој натпревар влезе и фудбалерот на Аталанта Јосип Иличиќ. Имено, Иличиќ постигна два гола во првите пет минути, а тоа не се случило уште од 2001 година кога легендарниот Марко Ди Ваио во дресот на Парма такво нешто направи против Удинезе во победата од 3:2.
Со оваа победа Аталанта дојде само на бод од Милан кој е на четвртата позција и ако „росонерите“ продолжат со лошата форма многу лесно може да се случи овој тим да избори место во Лигата на шампионите.