Тимот на светот го декласираше САД во натпреварот на „ѕвезди кои доаѓаат“ со кој беше отворена Ол-Стар вечерта, а за најкорисен играч беше избран Србинот, Богдан Богдановиќ.
Светот славеше со резултат 155:124, а Богдановиќ како резерва на теренот помина 21 минута и за тоа време постигна 26 поени, запиша 4 скока, подели четири асистенции и украде една топка.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„На секој натпревар и приоѓам на ист начин. Се трудам да бидам најдобрата верзија на себе тој, тоа се случи и вечерва. Никогаш не знаете што ќе се случи“, изјави Богдановиќ.
Богдановиќ после самото влегување најави дека ќе има фантастична вечер. Тимот на светот констатно беше во водство, а Богдан редеше тројки од голема одалеченост за на крајот да застане на 26 поени.
Најефикасен во победничкиот тим Бед Хилд со 29 поени, а се истакнаа уште Џамал Мареј со 21 поен, седум асистенции и шест скокови. Шариќ одигра добар натпревар со 18 поени и пет асистенции, 15 додаде Марканен, додека дабл-дабл имаше Домантас Сабонис, 13 поени и 11 скокови.
Спектаклот во Лос Анџелес ќе продолжи со натпреварувањето во забивање и тројки, а ќе биде завршен со спектакуларниот натпревар помеѓу екипите на Стеф Кари и Леброн Џејмс.