Дома Трансфер зона Озил може да замине веќе во јануари, познато и каде?

Озил може да замине веќе во јануари, познато и каде?

Oткако ја напушти германската репрезентација, Месут Озил се соочува и со проблеми со новиот стратег на Арсенал, Унаи Емери.

Озил не успеал да го убеди Емери во својата работна етика, Шпанецот сака играчите да покажуваат многу повеќе труд и желба, па на Островот се пишува дека Германецот тешко ќе се усогласи со Шпанецот.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Играчот за врска потпиша договор вреден 350.000 фунти неделно, подобра понуда не ни имаше, но ниту оваа сезона, како и минатата не е ни бледа сенка од поранешниот фудбалер.

Озил секако може да избере и да остане со што би ја „греел“ клупата за огромна сума. Се повлече од репрезентацијата, па изгледа дека и нема некој голем мотив, но се шпекулира дека сака во Турција.

Наводно Фенербахче би му гарантирал договор од соништата, дури се пишува и дека турската држава би застанала зад сето тоа, се поврзува и со Јунајтед, но тоа изгледа како нереално сценарио. Арсенал веројатно за Озил би барал околу 40 милиони евра.

Во новата сезона Озил одигра 242 минути во три натпревари, два пати беше заменет, не забележа ниту гол, ниту асистенција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…