Дома Фудбал Англија Озил до Тотенхем: Ако вечерва не изгубите, никогаш нема да ве исмејувам

Озил до Тотенхем: Ако вечерва не изгубите, никогаш нема да ве исмејувам

Toтенхем и Манчестер Сити вечерва од 21:00 часот го играат заостанатиот натпревар од 34. коло во Премиер лигата.

На Манчестер Сити потребна му е победа за да го прескокне Арсенал и во последното коло да влезе со одлична предност за одбрана ан титулата. Арсенал вечерва како ретко кога ќе навива за нивниот градски ривал да победи или да освои барем бод. Такво сценарио би значело дека Арсенал како лидер ќе влезе во последното коло.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Пред натпреварот се огласи и Месут Озил кој остави длабока трага носејќи го дресот на „топџиите“.

„За првпат вечерва! Ајде Спарси! Ако Тотенхем не го изгуби овој натпревар, никогаш повеќе нема да ги исмејувам. Ветувам“, објави Германецот.

Ако натпреварот вечерва заврши без победник Арсенал и Манчестер Сити ќе имаат ист број на бодови по 86, но Арсенал ќе остане лидер поради подобриот меѓусебен дуел (1:0, 0:0).ж

Во последното коло Арсенал игра против Евертон, а Манчестер Сити против Вест Хем.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Вечерва во ЛШ: Можат ли Борусија и Астон Вила да ги изненадат ПСЖ и Барселона?

И вечерва се играат натпревари од четвртфиналето во Лигата на шампионите каде што Барселон…