Дома Фудбал Италија Од Роналдо не се прости само еден фудбалер на Јувентус

Од Роналдо не се прости само еден фудбалер на Јувентус

Кристиано Роналдо во последните денови од преодниот рок го напушти Јувентус и се пресели во Манчестер Јунајтед.

Долго време се шпекулираше за иднината на Португалецот, кој во последните денови од трансфер пазарот реши да ја напушти „старата дама“.

Кристиано Роналдо преку социјалните мрежи се прости од италијанскиот клуб, а потоа сите играчи се простија од Португалецот.

Буквално сите играчи на Јувентус со порака се простија од Роналдо, освен капитенот Киелини.

Навивачите овој потег го дочекаа со воодушевување бидејќи сметаат дека Роналдо ова лето се однесувал без респект спрема Јувентус.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Игoр Паишао се подготвува за трансфер во Премиер лигата

Игoр Паишао изрази желба да ја напушти Марсеј следното лето, откако не успеа да се пресели…