Дома Фудбал Од Примера одредија конечен датум: Ако првенството не почне до тогаш ставаме крај!

Од Примера одредија конечен датум: Ако првенството не почне до тогаш ставаме крај!

Претседателот на Ла Лига, Хавиер Табарес имал средба со претставници на сите 42 клуба од Примера и Секунда за да се разгледаат опциите за продолжување на сезоната.

Биле разгледани неколку варијанти, да се играат натпревари на секои три дена и тоа без публика. Сите се надеваат првенството да продолжат во мај или на почетокот на јуни.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Разгледувана е и најпесимистичката опција – Ла Лига да не заврши, па поставен е и краен датум. Ако првенството не продолжи до викендот на 27-ми јуни, тогаш сезоната нема да се доигра.

Ако Федерацијата реши да стави крај на сезоната, не е јасно дали сезоната целосно ќе биде поништена или ќе се најде некое друго решение.

Сепак и од Ла Лига и сите клубови се надеваат дека првенството ќе се доигра во текот на летото.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Реал Мадрид ќе го обнови договорот на Браим Дијаз

Реал Мадрид постигна договор за продолжување на договорот со офанзивниот играч за врска Бр…