Дома Останати Од олимпиец до криминалец: Шверцувал дрога и е обвинет за убиства – сега го бара ФБИ!

Од олимпиец до криминалец: Шверцувал дрога и е обвинет за убиства – сега го бара ФБИ!

Американското Федерално истражно биро (ФБИ) издаде налог за познатиот канадски олимпиец Рајан Вединг, некогаш голем сноубордер кој се натпреваруваше на Зимските олимписки игри во 2002 година во Солт Лејк Сити.

Таа година Вединг заврши на 24-то место, а сега се бара во операцијата на ФБИ „Слалом“, бидејќи е осомничен дека шверцувал огромни количини кокаин од Мексико во Америка и Канада.


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


ФБИ издаде налог за претрес на Вединг и нуди награда од 50.000 долари за информација што ќе доведе до апсење на 43-годишниот Канаѓанец.

Вединг се бара поради наводно водење на транснационална операција за шверц на дрога која испраќала стотици килограми кокаин од Колумбија преку Мексико до САД и Канада. Обвинет е за повеќе убиства во трговија со трога.

Поранешниот сноубордер користел прекари како „Ел Џефе“ и „Гиганте“ во светот на трговијата со дрога и е дел од криминална организација заштитена од картелот Синалоа од Мексико, кој дистрибуирал 60 тони кокаин годишно.

Вединг и претходно бил осуден за трговија со дрога, а во 2010 година токму поради тоа морал да оди во затвор на четири години.

На Олимписките игри во Солт Лејк Сити го зазеде 24-то место во конкуренцијата во сноуборд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Челзи објави ново лого 📸

Oткако вчера Баерн објави промена на логото денес тоа го направи и Челзи. Лондонскиот клуб…