Дома Фудбал Од Наполи одново тврдат: Роналдо прво ни беше понуден на нас!

Од Наполи одново тврдат: Роналдо прво ни беше понуден на нас!

Португалскиот фудбалер Кристиано Роналдо минатото лето ги изненади сите со одлуката да го напушти Реал Мадрид и да потпише за Јувентус.

Роналдо експресно се прилагоди во Јувентус каде што во овој момент е најдобар стрелец.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Сепак, во италијанските медиуми денес се појави интересна изјава на спортскиот директор на Наполи, Кристијан Гиунтоли кој тврди дека Роналдо прво бил понуден на Наполи.

„Вистината е дека Роналдо прво ни беше понуден на нас. Понуден ни беше на мене и претседателот Де Лаурентис. Меѓутоа останавме без реакција бидејќи знаевме дека тој трансфер не сме во можност да го реализираме. Јувентус? Тие се во овој момент најдобар тим во Европа и за нас би било сон да ја завршиме сезоната во Серија А пред нив. Некои работи се многу тешко, но имаме надеж и веруваме до крај“, изјави Гиунтоли.

Ќе потсетиме претходно слична изјава имаше и првиот човек на Наполи, Аурелио Де Лаурентис

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мареска нема милост – брутално отпиша две ѕвезди: Повеќе за нив нема место во Челси!

Неверојатно нешто направи менаџерот на англискиот гигант Челси – Енцо Мареска. За не…