Дома Останати Тенис Од Вимблдон елиминирана првата тенисерка во светот!

Од Вимблдон елиминирана првата тенисерка во светот!

Ешли Барти, првата тенисерка во светот го заврши својот настап на овогодинешното издание на Вимблдон.

Барти после голема борба е поразена од Алисон Риске. Американката славеше со 2:1 во сетови (3:6, 6:2, 6:3).

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Три сета се играа и на мечот Шенуиа Жанк – Дајна Јестремска, славеше кинеската тенисерка со 2:1 (6:4, 1:6, 6:2).

Возбудлив беше и дуелот помеѓу Барбо Страјкова и Елис Мертенс. Чешката тенисерка после нешто повеќе од два часа тенис славеше со 2:1 (4:6, 7:5, 6:2).

Од третиот Грен слем оваа сезона се прости и хрватската тенисерка Петра Мартиќ. Таа со 2:0 (6:4, 6:2) изгуби од Елина Свитолина.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Првиот ден на Ролан Гарос ќе помине во чест на Рафаел Надал (Фото)

Раководството на Ролан Гарос соопшти дека ќе оддаде посебна чест на живата легенда на овој…