Дома Фудбал Италија Одреден новиот датум за италијанското дерби

Одреден новиот датум за италијанското дерби

Чекаме уште официјална потврда од Италијанскиот фудбалски сојуз.

Јувентус и Наполи лигашкиот натпревар првично требаше да го одиграат на 4 октомври, но истиот не беше одигран бидејќи гостите не допатуваа во Торино поради проблеми со коронавирусот.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Тогаш Јувентус го доби натпревар на зелената маса (3:0), но жалбата на Наполитанците вроди со плод и одлуката во корист на Старата дама беше поништена.

Се бараше нов термин за натпреварот и откако Наполи синоќа испадна од Лига Европа, сега е јасно дека дербито ќе се одигра во среда, 17 март. Истиот ден ќе се одигра и натпреварот Торино – Сасуоло, натпревар кој требаше да се игра вечерва.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Душан Влаховиќ за првиот меч под водство на Спалети: Работам за тимот и она што го бара тренерот!

Душан Влаховиќ ја започна сезоната како стартер во првиот натпревар на Јувентус под раково…